Планирани етапи во реализација на проектот
При прилагодувањето на просторот приоритет ќе биде создавање флексибилен и инклузивен простор кој овозможува користење за обуки, работилници и тимска работа со што просторот ќе стане препознатлив симбол на зелената агенда и младинскиот активизам за социјалното претприемништво. Процесот на уредување ќе вклучи млади волонтери, ученици од средните училишта и младински уметници, кои ќе придонесат преку креативни цртежи и дизајн на „зелени пораки“ со што ќе се стимулира чувство на сопственост.
Оваа активност ќе овозможи брзо ставање во функција на хабот, кој ќе биде целосно оперативен уште во првите два месеци од проектот.
За да се обезбеди препознатливост и поголема видливост на проектот, ќе се развие современ и младински ориентиран визуелен идентитет, ќе се ангажира веб дизајнер за изработка на лого и веб страница на која ќе може да се најдат информации за активностите, обуките и можностите за аплицирање на натпреварот за бизнис идеи.
Со оваа активност, проектот ќе обезбеди силен и кохерентен идентитет, кој ќе го направи „GreenHUB4IDEA“ препознатлив бренд на младинско социјално претприемништво во општината.
Овие две активности ќе се спроведат во текот на првиот и вториот месец од спроведувањето на проектот.
Проектот ќе продолжи со организирање на 6 работилници за социјално претпиемништво, зелени технологии и циркуларна економија и за дигитален маркетинг. На обуките ќе бидат вклучени најмалку 100 млади лица, од кои значителен дел средношколци од трите средни училишта во Струмица, како и невработени млади, жени и лица од ранливи групи. За секоја тема ќе се одржат по две работилници за кој што ќе бидат ангажирани стручни лица. Овие работилници ќе се реализираат во третиот, четвртиот и петиот месец од проектот.
Оваа активност има за цел да им овозможи на младите во Општина Струмица (вклучувајќи средношколци и млади од ранливи групи) да се запознаат со концептот на социјално претприемништво и да развијат основни практични знаења за креирање одржливи и општествено корисни бизниси. Работилниците ќе бидат интерактивни, комбинирајќи теорија со конкретни примери и студии на случај од земјата и регионот.
Првата работилница ќе се фокусира на:
-Вовед во социјално претприемништво,
-Разликување меѓу класичен и социјален бизнис,
-Локални предизвици кои може да се решат преку социјални претпријатија.
Втората работилница ќе биде посветена на:
-Развој на социјален бизнис модел (Social Business Model Canvas),
-Тимска работа и развој на идеи,
-Подготовка на учесниците за следните обуки и натпреварот на бизнис идеи.
Со овие две работилници младите ќе добијат основно знаење и практични алатки за претворање на општествените проблеми во одржливи деловни можности.
Оваа активност има за цел да ја зголеми свеста и практичните знаења кај младите за улогата на зелените технологии и циркуларната економија како клучни двигатели на одржливиот локален развој и Европската зелена агенда. Со оглед на тоа што Струмица е општина со силна земјоделска економија, младите ќе бидат охрабрени да истражат нови решенија кои ја намалуваат потрошувачката на ресурси, ја зголемуваат ефикасноста и креираат нови можности за самовработување и иновации.
Првата работилница ќе се фокусира на:
-Вовед во зелени технологии и нивната примена во секојдневието и бизнисите,
-Успешни примери на зелени стартапи и социјални претпријатија,
Втората работилница ќе биде посветена на:
-Концептот на циркуларна економија
-Идентификување на локални отпадни ресурси што можат да станат нови производи или услуги,
Со овие обуки учесниците ќе стекнат основни знаења за тоа како да развиваат зелени и одржливи бизнис идеи и ќе бидат поттикнати да ги интегрираат принципите на циркуларната економија во идните социјални претпријатија.
Дигиталниот маркетинг е еден од најважните алати за промоција и одржливост на современите социјални и зелени претпријатија. Многу млади во Општина Струмица имаат креативни идеи, но недостасуваат практични знаења како ефективно да ги промовираат своите производи и услуги, да допрат до поширока публика и да изградат стабилна онлајн присутност. Со оглед на тоа што проектот има за цел да поддржи создавање на најмалку 10 социјални бизнис идеи, обуките за дигитален маркетинг ќе бидат клучен елемент во нивната успешна реализација.
Првата работилница ќе опфати:
-Основи на дигитален маркетинг
-Креирање атрактивен визуелен и текстуален контент,
-Вовед во алати за бесплатна или нискобуџетна промоција.
Втората работилница ќе биде повеќе практична и ќе се фокусира на:
-Развивање маркетинг стратегија за социјално или зелено претпријатие,
-Управување со кампањи на Facebook и Instagram,
-Студии на успешни примери од регионот и ЕУ.
Овие работилници ќе се реализираат во петиот месец од проектот, по воспоставувањето на хабот и завршувањето на иницијалните обуки за социјално претприемништво и зелени технологии. Така, младите веќе ќе имаат развиено идеи и ќе можат веднаш да ги применат стекнатите маркетинг вештини
Натпреварот за бизнис идеи ќе создаде конкретна алтернатива за младите – можност самите да генерираат работни места преку развој на социјални претпријатија. Со овој натпревар, младите ќе добијат структурирана поддршка – обуки, ментори и мини-грантови ( награди за најдобрите ) за реализација. Преку натпреварот ќе се стимулираат идеи кои можат да одговорат на локалните проблеми со одржливи бизнис решенија и ќе ја засили улогата на младите како активни чинители во локалниот развој.
Натпреварот нема да е само еднократен настан, туку тој ќе биде процес кој ќе создаде трајна додадена вредност од кој ќе се развијат минимум 10 социјални бизнис идеи од 10 тимови со реален потенцијал за влијание, додека пак трите најдобри идеи ќе добијат финансиска и менторска поддршка, што ќе го зголеми нивниот капацитет за реализација.
Бизнис идеите ќе бидат представени пред жири составено од претставници на бизнис секторот и граѓански организации.
Критериуми за избор на најдобрите ќе биде иновативност, социјален и еколошки импакт, и изводливост на самата идеја.
Најдобро оценетата идеја ќе добие 200е, втората 150е и третата 50е и дополнително ќе добијат менторска поддршка од представниците од бизнис секторот.
Прогласувањето на најдобрите ќе биде и завршен настан на целиот проект кој ќе биде проследено и со представување на резултатите и активностите од проектот.
Со реализацијата на овие активности, Струмица ќе добие прв локален хаб за младинско социјално претприемништво, кој ќе остане во функција и по завршувањето на проектот.
Преку проектот, повеќе од 100 млади ќе се запознаат со концептот на социјално претприемништво и ќе стекнат практични искуства.
„GreenHUB4IDEA“ ќе обезбеди: директна поддршка за младите во нивниот пат кон вработување и самовработување и промовирање на зелената економија како двигатели на одржлив локален развој.
GREENHUB4IDEA е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
