Натпревар

Проектот ќе донесе јасно мерливи резултати и ќе креира долгорочна додадена вредност за младите и заедницата во Општина Струмица преку:

Натпреварот за бизнис идеи ќе создаде конкретна алтернатива за младите – можност самите да генерираат работни места преку развој на социјални претпријатија. Со овој натпревар, младите ќе добијат структурирана поддршка – обуки, ментори и мини-грантови ( награди за најдобрите ) за реализација. Преку натпреварот ќе се стимулираат идеи кои можат да одговорат на локалните проблеми со одржливи бизнис решенија и ќе ја засили улогата на младите како активни чинители во локалниот развој. Натпреварот нема да е само еднократен настан, туку тој ќе биде процес кој ќе создаде трајна додадена вредност од кој ќе се развијат минимум 10 социјални бизнис идеи од 10 тимови со реален потенцијал за влијание, додека пак трите најдобри идеи ќе добијат финансиска и менторска поддршка, што ќе го зголеми нивниот капацитет за реализација.
Бизнис идеите ќе бидат представени пред жири составено од претставници на бизнис секторот и граѓански организации. Критериуми за избор на најдобрите ќе биде иновативност, социјален и еколошки импакт, и изводливост на самата идеја. Најдобро оценетата идеја ќе добие 200е, втората 150е и третата 50е и дополнително ќе добијат менторска поддршка од представниците од бизнис секторот. Прогласувањето на најдобрите ќе биде и завршен настан на целиот проект кој ќе биде проследено и со представување на резултатите и активностите од проектот. Со реализацијата на овие активности, Струмица ќе добие прв локален хаб за младинско социјално претприемништво, кој ќе остане во функција и по завршувањето на проектот.

Преку проектот, повеќе од 100 млади ќе се запознаат со концептот на социјално претприемништво и ќе стекнат практични искуства. „GreenHUB4IDEA“ ќе обезбеди: директна поддршка за младите во нивниот пат кон вработување и самовработување и промовирање на зелената економија како двигатели на одржлив локален развој.




GREENHUB4IDEA е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.